Курц: Пандемијата ги покажа слабостите на ЕУ

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска, по повод Денот на Европа, дека пандемиската криза ги покажа слабостите на ЕУ, а министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг, подвлече дека минатата година е изгубена во однос на проширувањето на ЕУ, и тоа не смее да биде сега бидејќи ЕУ е нецелосна без Западен Балкан.

– Изминатите месеци од пандемијата не само што беа предизвикувачки за сите граѓани во Европа, туку кризата јасно ги покажа сите слабости на ЕУ во споредба со другите актери. Затоа е сега важно да се надомести недостигот со брзо и ефикасни мерки. Ние го охрабруваме заедничкиот пазар преку модернизација и дигитализација, нагласи Курц.

Тој додаде дека претстојната Конференција за иднината на Европа е шанса да се одржи отворена дебата за тоа што ЕУ мора да стори во иднина, а Австрија ќе придонесе за позитивниот развој на Унијата и зачувувањето на заедничките вредности.

Министерот за надворешни работи Александар Шаленберг истакна дека Европа мора да биде поставена така што ќе биде подготвена за во иднина.

– Клучот е проширувањето на ЕУ кон земјите од Западен Балкан. Минатата година беше изгубена година за целиот регион и сега е важно да се надомести застојот, бидејќи штетата ќе се зголеми. Без нашите партнери во Западен Балкан, ЕУ не е целосна, изјави Шаленберг.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Членство во ЕУ за подобар животен стандард, наместо изолација

Шаленберг: ЕУ пред 20 години му вети членство на Западен Балкан, не смее Украина да влезе преку ред

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Ковачевски: Ако ги донесеме одлуките ќе бидеме првата земја којашто ќе стане членка на ЕУ во 2030

Премиерот и министрите на трибини ќе убедуваат колку е убаво во ЕУ: Почнува кампањата од 80.000 евра

Орце Костов

Европската комисија контра Шарл Мишел: Не сме фокусирани на проширување на ЕУ до 2030 година

Орце Костов