Курц: Ја исклучувам можноста за враќање во политиката и тоа засекогаш

Од:

Поранешниот австриски канцелар и поранешен лидер на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц во првото интервју по повлекувањето од политичката сцена ја отфрли можноста за враќање и тоа засекогаш.

За виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“, Курц ги отфрли гласините дека би можел да се врати на политичката сцена на претстојното собрание на ОВП, што е закажано за 14 мај.

Тој кажа дека не се радува на лажните гласини за негово враќање во политиката, на кои не се радувал ниту во текот на неговата политичка кариера.

-Можам целосно да го исклучам трајното враќање во политиката. Почнав да се занимавам со политика на 16 години, станав државен секретар на 24 години, а оттогаш бев во владата цели десет години. Имав доволно порции политика, рече тој.

Курц додаде дека е среќен што може да и служи на земјата и дека сега е среќен што може да работи во економијата.

Тој најави дека ќе присуствува на собранието на ОВП со цел да му даде поддршка на канцеларот и лидер на партијата Карл Нехамер и неговиот нов тим.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче