Курц: Имиграцијата приоритет на австриското претседавање со ЕУ

Од:

Приоритет на Австрија за време на претседавањето со Европската унија во следните шест месеци, ќе биде борбата против илегалната миграција, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Безбедноста и стабилноста не се нешто што се подразбира во Европа. Акцент мора да биде ставен на заштитата на границите, изјави Курц претставувајќи ги приоритетите на австриското претседавање со ЕУ пред членовите на Парламентот на Австрија.

Курц најави дека средбата на шефовите на држави или влади на членките на ЕУ што во септември ќе се одржи во австрискот град Салцбург, ќе биде посветена на теми за безбедноста, контролата на границите и борбата против илегалната миграција.

Австрија се залага зајакнувањето на Европската агенција за контрола на границите – Фронтекс да се одвива со побрзо темпо од тоа што е предвидено со програмата на Европската комисија за периодот 2021-2027 година.

Курц вчера во Берлин најави создавање на „оска“ меѓу министрите за внатрешни работи на Австрија, Германија и Италија во борба против нелегалната миграција.

– Се радувам на добрата соработка, која сакаме да ја изградиме меѓу Виена, Рим и Берлин во таа област, изјави Курц на прес-конференција во Берлин. – Според нас, потребна е оска на оние кои сакаат да се борат против нелегалната миграција, додаде тој.

На ваквата најави реагираше германската канцеларка Ангела Меркел која оцени дека илегалната миграција може да се спречи само со соработка во рамките на ЕУ, а не со некаква „оска“.

– Неопходни се многу форми на соработка ако сакаме да најдеме единствено решение за илегалната миграција, изјави Меркел.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески