Курц: ЕУ треба да се фокусира на големите прашања, а малите да ги остави на државите

Од:

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц повика на продлабочување на соработката во полето на безбедноста, надворешната политика и одбраната помеѓу земјите-членки во ЕУ.

– Владата на Австрија е проевропска, но смета дека се потребни промени и обновување во Унијата. Имаме потреба од ЕУ, која ќе биде фокусирана повеќе на големите прашања, наместо да се меша во малите, каде нациите и регионите самостојно можат да донесат подобри одлуки, додаде тој.

Австрија во јули го презема претседателството со Советот на ЕУ, а според Курц приоритети ќе бидат безбедноста и граничната контрола, дигиталзиацијата и супсидијарноста.

– ЕУ во последниве години немаше фокус. Во исто време се занимававме со премногу прашања, но не можевме да најдеме заеднички одговор на оној за миграцијата. Потребна е подлабока соработка во безбедноста, надворешната политика и одбраната, како и за економската политика, порача Курц.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија