Курц: ЕУ има потреба од флексибилен пристап кон миграцијата

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц бара пофлексибилен пристап за решавање на противењата воЕУ за миграција, јави ДПА.

– Наместо да продолжат сегашните обврзувачки квоти за распределба на мигрантите во целата ЕУ, земјите-членки треба да усвојат пристап на солидарност со партнерите во Унијата, изјави Курц.

– Тоа значи дека секоја земја треба да даде свој придонес таму каде што може и каде има смисла, истакна Курц на Самитот во Брисел.

Претседателот на Европскиот парламент Антонио Тајани изрази поддршка за сличен пристап: на пример земјите-членки кои не сакаат да учествуваат во распределбата на мигрантите да можат да плаќаат за напорите на ЕУ да ги контролира изворите на миграција надвор од Унијата.

– Ако платите, можно е: без бегалци, но повеќе пари, рече Тајани.

– Тоа треба да се договориме…јас сум флексибилен за ова, бидејќи никој не е совршен, додаде тој.

Австрија, која е ротирачки претседател на ЕУ, сака да биде постигне напредок во односна миграцијата до крајот на нејзиниот мандат.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија