Курц: ЕК разговара за создавање „фер правила“ за отворање на границите

Од:

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц очекува договорот со Германија за отворање на заедничката граница да се постигне до почетокот на летото, мерка што беше воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот.

-Јас сум оптимист дека во следните недели ќе најдеме решение со Германија, им изјави Курц на новинарите.

И двете земји, како што потсети австрискиот канцелар, во моментов имаат ниски стапки на нови инфекции.

Тој посочи дека со Европската комисија разговара за создавање „фер правила“ за отворање на границите.

-Договорот ќе се донесе веднаш откако Германија биде подготвена за тоа, рече Курц.

Инаку, австрискиот туризам е многу зависен од германските гости.

Само минатата година, германските гости учествуваа со околу 37 отсто од вкупните 79 милиони ноќевања, а домашните гости само со 30 отсто.

Туризмот е многу важна гранка за австриската економија, бидејќи учествува со 15,4 отсто во БДП-то.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен во посета на Западен Балкан до крајот на овој месец

Ана Ололовска

Курц чека дете, се пофали на Фејсбук

Жарко Настоски

ЕК се заложи да продолжи да ги поддржува финансиски сириските бегалци во Турција

Ана Ололовска

Тимерманс одби да се слика со Јанша, Фон дер Лајен покажа разбирање

Ана Ололовска

Курц: Не сме обединети во надворешната политика – тоа ја слабее ЕУ

Жарко Настоски

Заев-Курц: Имаме заедничка обврска да обезбедиме европска иднина за Западен Балкан

Жарко Настоски