Курц до граѓаните на Австрија: Ве молам издржете

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска повторно ги повика граѓаните да ја издржат сегашната состојба и да ги почитуваат ограничувањата за слобода на движење воведени поради епидемијата на коронавирусот.

Во обраќање до граѓаните преку социјалните мрежи, Курц истакна дека во Франција во последните 24 часа починале повеќе од 1.000 луѓе, дека повеќе од 250.000 луѓе веќе се заразени во САД, а над 14.000 луѓе починале од вирусот во Италија.

Тој оцени дека Австрија досега поминала низ кризата подобро од некои други земји, а причина се нејзините граѓани, кои откако владата реагираше побрзо и построго од другите, со своето однесување спасиле животи.

– Позитивна вест е, признавам и се радувам, што мерките што ги презедовме беа вистинските. Мерките што ги презедовме функционираат и ширењето на вирусот е забавено. Важно е да се издржи. Не смееме да извлекуваме предвремени заклучоци и важно е да дадеме се од себе со цел во Австрија да избегнеме ситуација како што се случи во многу европски земји и во светот, објасни Курц.

Тој најави дека Владата во понеделник, „ако бројките тоа го дозволат“, ќе донесе одлуки со цел земјата повторно полека да почне да се враќа во нормала

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче