Курц чека дете, се пофали на Фејсбук

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговата партнерка чекаат дете, а веста ја соопшти токму политичарот, и тоа преку социјалните мрежи.

„Пресреќни сме и благодарни што наскоро ќе бидеме тројца. Нѐ очекува прекрасна заедничка задача која едвај ја чекаме. Ве молиме за разбирање за тоа што сакаме да ја сочуваме нашата приватност, но среќни сме што можеме да ја споделиме оваа радосна вест со сите вас“, напиша Курц на Фејсбук.

Партнерката на 34-годишниот Курц, Сузан, која работи во Министерството за финансии, треба да се породи на крајот на ноември или на почетокот на декември. Таа и австрискиот канцелар, кој е најмладиот шеф на владата на земјата во историјата, се заедно уште од средношколските денови.
P

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче