Курц: Австрија наскоро може да се соочи со 6.000 новозаразени на ден

Од:

Австрискиот канцелар Себастијан Курц предупреди дека Австрија наскоро може да се соочи со 6.000 новоинфицирани лица на ден, што може значително да ја промени ситуацијата во болниците.

Во интервју за виенскиот дневен весник „Австрија“, Курц рече дека ситуацијата во земјата се влошила, дека другите земји веќе имаат мерки за ограничувања и дека Австрија во моментов се обидува да „оди по средниот пат“.

Истакнувајќи дека многу граѓани ја набудуваат моменталната работа на болниците и велат дека илјадници легла се уште се слободни, канцеларот рече дека проблем е силниот раст на бројот на заразени, како и што значи таков развој.

„Времето на удвојување беше три недели, а сега е намалено на максимум две недели. Во моментов имаме 3.000 нови инфекции на ден, а наскоро може да имаме и 6.000, а потоа ситуацијата во болниците би изгледала сосема поинаква”, објасни тој.

Би можело да ве интересира

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче