Купувањето и поседување до 30 грама канабис во Германија би можело да биде ослободено од казни

Од:

Германската Влада денеска го отвори патот кон легализација на канабисот, иако останува нејасно дали планот ќе помине на европско ниво, пренесе ДПА.

Според планот одобрен од Кабинетот на германскиот канцелар Олаф Шолц, канабисот и активната супстанција тетрахидроканабинол (THC) повеќе нема да бидат законски класифицирани како наркотици.

Купувањето и поседувањето до 30 грама канабис би било ослободено од казна, приватното одгледување би било дозволено во ограничен обем, а ќе биде можна и продажбата на возрасни лица во „лиценцирани специјализирани продавници“ и евентуално во аптеки.

Дали тоа навистина ќе се случи, сепак, останува да се види, коментира ДПА. Европските правила за канабис би можеле да и застанат на патот на легализацијата во Германија.

Меѓународната правна рамка нуди „ограничени опции за спроведување на проектот на коалицијата“, според планот одобрен од Кабинетот во Берлин.

Во коалицискиот договор, централно-левичарската СПД на Шолц, Зелените и про-бизнис ФДП се согласија да воведат „контролирана дистрибуција на канабис до возрасни за потребите на потрошувачката во лиценцирани продавници“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени