Кулеба: Русија сака да ја дехуманизира Украина

Од:

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба вечерва соопшти дека Русија се обидува да ја „дехуманизира“ Украина.

„Според разузнавачките податоци, Русија планира масовна операција со лажни знамиња за да ги „дехуманизира“ Украинците и да ја обвини Украина за наводни нечовечки дејствија“, напиша тој на Твитер.

„Не им верувајте на лагите. Украина ја брани својата земја во праведна и одбранбена војна“, додаде тој во твитот.

„За разлика од Русија, ние не ги гаѓаме градинките и цивилите“, напиша Кулеба, во твитот што првично не можеше да биде независно потврден.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала