Кулеба: Црвените линии на Путин се ограничени на руските граници

Од:

Украина денеска експресно одговори на пораката од Кремљ дека проширувањето на НАТО кон Украина ќе претставува преминување на црвената линија за Русија, наведувајќи дека самиот Киев одлучува за безбедносните прашања и дека руската црвена линија е на руската страна на границата, а не украинската.

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, реагираше на Твитер откако портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков предупреди дека ставот на Владимир Путин е дека воведувањето воена инфраструктура во Украина за Москва ќе значи преминување на црвената линија, пренесопа британските медиуми.

“Црвените линии на Путин се ограничени на границите на Русија. На нашата страна од границата, сами можеме да процениме што да правиме, во интерес на украинскиот народ, државната и европската безбедност “, напиша Кулеба на Твитер.

Би можело да ве интересира

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски