Кубанската опозиција не се откажува од протестот и покрај забраната

Од:

Кубанската опозиција не се откажа од повикот за протест на 15 ноември и по забраната на владата за собири, со обвинувања дека тие предизвикуваат промена на режимот со поддршка на Вашингтон.

„На 15 ноември, нашата лична одлука ќе биде да протестираме граѓански и мирно за нашите права“, објави синоќа групата Архипелаг преку Фејсбук, која испрати покана за протестите.

Како што се додава во поканата, „одговорот на властите е полн со лажни тврдења и клевети и претставува кривично дело“.
Кубанската влада вчера им соопшти на организаторите дека одбива да им даде дозвола за собирање.

Владата наведе дека некои од луѓето што најавуваат собири имаат врски со субверзивни организации или агенции финансирани од американската влада и дека нивната намера е да поттикнат промена на политичкиот систем во Куба.

Исто така, владата смета дека „тоа претставува провокација“, додавајќи дека причините наведени за демонстрациите не ги сметаат за легитимни.

Истиот одговор беше даден за Хавана и шест провинции од вкупно 15 провинции во земјата, каде беше побарана дозвола за одржување демонстрации „против насилство“, „за ослободување политички затвореници“ и „за промени“.

Организаторите на демонстрациите се повикуваат на членот 56 од новиот Устав на Куба, со кој се признава правото на собирање, демонстрации и здружување со мирна цел.

Стејт департментот одговори со повик до владата во Хавана да ги почитува слободите и основните права на кубанскиот народ.

Би можело да ве интересира

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски