Кубанската амбасада во Париз нападната со молотови коктели

Од:

Амбасадата на Куба во Париз беше нападната со молотови коктели, соопшти синоќа министерот за надворешни работи на таа земја Бруно Родригез. Во објавата на Твитер, тој не понуди повеќе детали за инцидентот, но го обвини Вашингтон за ширење на насилството.

„Ја сметам за одговорна Владата на САД поради нејзините континуирани кампањи против нашата земја кои го охрабруваат ваквото однесување и за нејзините повици на насилство, кои неказниво се упатуваат од нејзината територија“, напиша тој.

Прес службата на Министерството за надворешни работи на Куба подоцна соопшти дека нападот се случил околу полноќ, кога биле фрлени три молотови коктели, од кои два паднале во просторот на амбасадата и предизвикале пожар. Кубанските дипломати го изгаснале пожарот, а на местото на инцидентот веднаш пристигнале француските пожарникари и полицајци.

Повеќе кубански амбасади беа нападнати во последниот период во антивладините протести поради недостигот на храна и високата инфлација, до кои дојде во услови на корона-кризата. Од почетокот на демонстрациите уапсени се голем број новинари и активисти, а најмалку едно лице загина.

Би можело да ве интересира

Франција ги повлекува амбасадорите во САД и Австралија на консултации

Морисон: Австралија уште во јуни ја информира Франција за откажување на нарачката со подморниците

Џонсон: Односите меѓу Британија и Франција се стабилни и силни

А1он

Шест луѓе досега добиле вештачко срце на „Карма“

Ана Ололовска

Франција: Од денеска суспензија за невакцинираните здравствени работници

Ана Ололовска

Во Франција од денеска е задолжителна вакцинација против Ковид-19 за здравствените работници

Ана Ололовска