Куба испрати медицински тимови во Италија

Од:

Куба испрати тим од 52 лекари и медицински сестри во Италија, од кои некои беа вклучени во борбата против ебола во Африка, за да и помогнат на европската земја со највисока стапка на смртност во борбата против Ковид-19.

Дестинацијата на овој тим, која вчера пристигна во Италија, е регионот на Ломбардија, провинцијата која е најмногу погодена од
коронавирусот. За еден месец во Италија, 4.825 луѓе починаа како резултат на оваа пандемија.

Со приходи од 6,3 милијарди американски долари во 2018 година, извозот на медицински услуги, покрај туризмот, се еден од моторите на кубанската економија, покажуваат официјалните податоци.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски