Крвав напад на пазар во Багдад, дваесетина загинати

Од:

Околу 20 лица, меѓу кои жени и деца, се убиени, а десетици се повредени во напад на пазар во шиитско предградие на Багдад, во пресрет на Курбан Бајрам, најважниот муслимански празник.

– На пазарот Ал-Воејлат е извршен напад со рачно изработена бомба, при што има загинати, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Висок воен службеник изјави дека најмалку 18 лица се убиени, меѓу кои има жени и деца, додека медицински извор соопшти дека 23 луѓе се загинати, а околу 30 повредени.

Два безбедносни извори изјавија за западните медиуми дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.

Експлозијата одекна доцна попладне на популарниот пазар на Садр Сити, голема шиитска област во источен Багдад, каде многу луѓе купувале пред муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Досега никој не преземал одговорноста за нападот, а оперативната команда на безбедносните сили на Багдад започна истрага.

Тоа е првиот напад од јануари кога 32 лица беа убиени на еден пазар во центарот на Багдад. Тогаш првиот напаѓач го активира експлозивниот појас, а вториот чекал луѓето да дојдат да им помогнат на повредените, по што го активирал експлозивот. Одговорноста за тој инцидент ја презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Би можело да ве интересира

Двајца турски војници загинаа во нападите во Сирија и Ирак

Бајден објави дека до крајот на годината завршува американската воена мисија во Ирак

Ана Ололовска

Ал-Кадими: Во Ирак веќе не се потребни американски војници за борбата против ИД

Ана Ололовска

Уапсени организаторите на атентатот на пазарот во Багдад пред Курбан Бајрам

Ана Ололовска

Со дрон нападната американска воена база во ирачки Курдистан, нема повредени

Ана Ололовска

ВИДЕО: Ново страдање во Багдад – бомба разнесе десетици луѓе кои пазаруваа за Курбан Бајрам

Жарко Настоски