Крозето: Италија ќе побара продолжување на законот за испорака на оружје за Украина во 2023 година

Од:

Италијанската Влада ќе побара од Парламентот да усвои нов закон за воено и цивилно снабдување на Украина во 2023 година, изјави италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето.

Владата во Рим може да испрати помош за Украина без одобрение од парламентот со декрет кој истекува на крајот на годината.

Министерството за одбрана наскоро ќе предложи продолжување на истата мерка за цела 2023 година, изјави Крозето во интервју за весникот „Ил Фољо“.

Крозето наведе дека Италија ќе продолжи да испорачува оружје, како што правеше во минатото, „на моменти и на начин на кој ќе се договориме со нашите атлантски сојузници и со Киев“.

Крозето е член на Браќата на Италија, десничарската партија на новиот италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат