Критики од европските социјалдемократи поради пасивноста на ЕУ кон Унгарија и Полска

Од:

Во пресрет на утрешниот Совет за општи работи на ЕУ европратениците од редовите на социјалдемократите испратија писмо до хрватското претседателство во кое изразуваат нетрпение со недоволниот напредок во процедурите на ЕУ за владеењето на правото во Унгарија и Полска.

„Советот за општи работи на ЕУ што утре се одржува под хрватско претседателство не предвидува дискусија за состојбата со владеењето на правото во овие држави и покрај тоа што ситуацијата се влошува во двете“, стои во писмото на претседателката на Социјалдемократите, Ираче Гарсиа.

-Во последните години, националистички влади на ПиС и Фидез воведоа низа реформи со кои се земаат под контрола судството и јавните медиуми и кои драстично го менуваат демократскиот карактер на Полска и Унгарија. Не смее да се губи повеќе време. И покрај отворањето на процедурата член 7, не видовме никаков напредок, изјави Гарсиа.

Процедурата член седум е процедура чија конечна цел е суспендирање на правото на глас на една земја во Советот на ЕУ, позната како нуклеарна опција. До сега никогаш не била активирана до крај, но европските институции веруваат дека со активирање на процедурата, заканата врз земјата ќе биде доволно силна за да ја принуди да ги измени контроверзните закони кои се косат со правото на ЕУ.

Иако овие процедури беа отворени во текот на изминатата година, со месеци прашањето не е ставено на дневен ред во Советот. Европскиот Парламент смета дека во прашање е отсуство на политичка волја од страна на другите 25 влади на земјите членки на Унијата.

-Додека Советот се задоволува со нередовни сослушувања, без присуство на Европскиот парламент, Качински и Орбан продолжуваат да ги надминуваат граници во однос на поткопувањето на демократијата, владеењето на правото и темелните права, смета претседателката на Социјалдемократската група.

Таа бара од земјите членки да се “соочат“ со тоа дека процедурата член седум не функционира и го повикува Советот да преземе сериозни мерки за одбрана на демократијата во ЕУ.

-Во име на граѓаните на Полска и Унгарија овие темелни демократски принципи мора да бидат заштитени, напиша Гарсиа.

Би можело да ве интересира

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје