Критики кон британските политичари што не ги одбранија судиите во случаите со Брегзит

Од:

Претседателот на британскиот Врховен суд, лорд Нојбергер остро ги критикуваше домашните политичари затоа што не реагираа навреме и не ги одбранија судиите од неоправданите напади и дисквалификации во случаите што беа покренати околу Брегзит.

Во интервју за радио Би-Би-Си, Нојбергер вели дека ваквите напади не значат ништо друго, освен „поткопување на владеењето на правото“ во Велика Британија.

Реакцијата на претседателот на Врховниот суд доаѓа еден месец по одлуката на овој суд да ја одбие жалбата на британската влада и да ја потврди претходно донесената пресуда на лондонскиот Виши суд за тоа дека Парламентот, а не министрите, има овластување за покренување на членот 50 од Лисабонската спогодба, за излегување од ЕУ.

Поводот за реакцијата на судијата Нојбергер е појавувањето на насловната страница на проториевскиот и антиевропски „Дејли Меил“ кој по пресудата на Вишиот суд, во ноември 2016 година, ги прогласи тројцата судии за „непријатели на народот“ и „непатриоти“ затоа што, наводно, не ја почитувале волјата на гласачите изразена на референдумот за ЕУ.

Овој весник, како и „Дејли Експрес“ и „Сан“ беа и се уште се, предводници на антиевропската и антиимигрантска кампања, но „Дејли Меил “ и „Дејли Експрес“ се пресметуваа и со судиите.

Овие лондонски таблоиди ги напаѓаа членовите на Вишиот, а и на Врховниот суд, за тоа кој меѓу нив може да биде „следниот предавник“ и да пресуди против владата на премиерот Тереза Меј и „правото добиено од гласачите“ да одлучат кога и под кој услови би почнала постапката за Брегзит.

Весниците кои ја имаа поддршката и од политичарите кои силно агитираа за напуштање на ЕУ, отворено укажуваа на неколкумина врховни судии дека „имаат врски со ЕУ“, клеветејќи ги дека тие нема да пресудат објективно.

– Парламентот (а не министрите) е овластен да ја почне постапката за Брегзит, затоа што така вели законот, а тој мора да се почитува- инсистира Нојбергер.

Дел од британската јавност која инсистираше на „одбраната“ на Парламентот, како одбрана на демократијата, како и оние кои заговараа останување во ЕУ, остро и забележаа на Лиз Трас, министер за правда која не реагираше да ги заштити судиите од неоправданите напади во весиците и од некои политичари.

– Судот и судиите се чувари на владеењето на правото и заедно со демократијата се двата носечки столбови на британското општество, рече во интервјуто за радио Би-Би-Си, претседателот на Врхвниот суд, лорд Нојбергер.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца