Кристијан Ериксен доживел срцев удар, потврди докторот на данскиот тим

Од:

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доживеал срцев удар кога се срушил во текот на натпреварот против Финска на Европското првенство, изјавил докторот на данскиот тим, Мортен Босн.

„Стануваше збор за срцев застој. Колку бевме блиску да го загубиме? Не знам, но го вративме по една дефибрилација, што е прилично брзо“, изјавил тој додавајќи дека сите прегледи дотогаш на Ериксен биле добри.

Босн навел дека Ериксен бил во несвест кога се доближил до него.

„Кога дојдов до него, дишеше, го чувствував пулсот, но се се смени одеднаш и почнавме реанимација. Помошта стигна навистина брзо и направивме се што моравме и успеавме да го вратиме во живот“, изјавил Босн.

Тој вели дека не е јасно што го предизвикало колапсот кај Ериксон.

„Не сум кардиолог, па деталите за тоа ќе ги препуштам на стручните лица“, рече тој.

Според него, 29-годишниот фудбалер можеби и не би преживеал, доколку натпреварот не се играл на голем турнир, со врвна медицинска опрема.

„Мислам дека тоа беше одлучувачки. Кога ќе се случи нешто такво, времето е пресуден фактор, а тоа време е кратко“, изјавил Босн.

Фудбалерот на Интер по укажаната помош на теренот, беше изнесен на носилка, опкружен од неговите соиграчи.

Селекторот на Данска, Каспер Хјумланд рекол дека Ериксен, кога разговарал со него, повеќе се грижел за неговите соиграчи отколку за себе.

„Не се сеќавам многу, но загрижен сум за вас, како сте“, рекол тој.

„Тоа е типично однесување на Кристијан. Беше убаво да се види како се смешка“, изјавил Хјумланд.

Тој инсистирал играчите да го завршат турнирот. Данска наредниот натпревар во Група Б ќе го одигра во четврток, против Белгија.

Би можело да ве интересира

Ериксен се договорил со Манчестер јунајтед

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ериксен: Бев мртов пет минути, сакам да играм на Мундијалот во Катар

Ана Ололовска

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски

Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Жарко Настоски