Кристалина Георгиева избрана за европски кандидат за директор на ММФ

Од:

Владите на земјите-членки на Европска Унија ја избраа Кристалина Георгиева од Бугарија за свој кандидат за директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Таа по 12-часовна дебата, во вториот круг гласање го победи Холанѓанецот, Јерун Дајселблум, откако другите тројца кандидати се повлекоа од трката.

Гувернерот на Централната банка на Финска, Оли Рен и шпанската министерка за економија Надиа Калвино се повлекоа по првиот круг од гласањето.

Георгиева во моментот е извршна директорка на Светска банка.

Нејзината кандидатура го принуди ММФ да го смени правилото – директорот да има помалку од 65 години.

Највисоката функција во ММФ, глобалниот кредитор со седиште во Вашингтон, традиционално му припаѓа на Европеец. Кандидатите за директор на ММФ можат да се пријавуваат до 6 септември. Ќе победи оној кандидат кој ќе добие 55 отсто од гласовите на владите на 28 земји-членки на ЕУ.

Поранешната директорка на ММФ, Кристин Лагард поднесе оставка во јули откако лидерите на ЕУ ја избраа за претседател на Европската централна банка.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“