Криминалците во Италија и Германија сè повеќе користат криптовалути

Од:

Криминалците во Италија и Германија сè повеќе користат криптовалути, соопшти царинската управа во Бон.

„Употребата на криптовалути за плаќање преку Интернет во контекст на криминални дела очигледно е во пораст“, ​​велат од царинската управа.

Во повеќето случаи, криминалците користат биткоин и валута Монеро, велат истражителите. Криптовалутите се користат за целосно анонимизирање на процесот на нарачување и испраќање недозволени производи или услуги.

Организираниот криминал во Италија, исто така, се повеќе користи криптовалути во последниве години, пренесува Хина.

За мафијашките организации, анонимноста и брзите трансакции носат големи придобивки, поради што тие ги користат овие начини на плаќање, наведува италијанската полиција за борба против мафијата (ДИА). Мафијашите најчесто користат дигитални валути при препродажбата на дрога.

Ниту германската ниту италијанската полициска власт досега не објавија прецизни податоци за операциите, износите или штетата.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Спречен терористички напад во Германија

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов