Кремљ: Зеленски може да ја заврши војната утре ако сака

Од:

Русија денеска соопшти дека останува на украинскиот претседател Володимир Зеленски да стави крај на војната во Украина.

„Зеленски знае кога војната би можела да заврши. Може да заврши утре ако сака“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ долго време говори дека Украина мора да ги прифати руските услови за завршување на војната, која сега трае веќе десет месеци. Русија побара Киев да го признае Крим и другите окупирани територии како дел од Русија.

Зеленски и другите украински официјални лица постојано ги отфрлаа тие услови и рекоа дека војната ќе заврши кога Украина ќе ги ослободи окупираните територии или ќе се повлечат руските сили.

Би можело да ве интересира

Стапува на сила забраната за рускиот дизел

Киев: Русија регрутира жени од казнените колонии

Смена на министерот за одбрана најавуваат украинските медиуми

Украинците не се повлекуваат од Бахмут вели шефот на Вагнер

Поранешен германски фудбалер станал двоен агент, шпиунирал за Русија

Зеленски: Ситуацијата на истокот на Украина е многу тешка