Кремљ: Заблуда е дека испраќањето тенкови во Украина би го променило текот на војната

Од:

Кремљ соопшти денеска дека е „заблуда“ дека одлуката на западните земји да и достават тенкови на Украина ќе го промени текот на војната.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува „силни одлуки“ од министрите за одбрана на членките на НАТО и другите земји кои ќе се состанат во петок во базата Рамштајн во Германија за да разговараат за зајакнување на одбраната на Украина, што вклучува испраќање модерни борбени тенкови.

„Повторуваме дека таквите испораки нема да променат ништо, туку ќе создадат дополнителни проблеми за Украина и украинскиот народ“. Гледаме посветеност на драматичната заблуда дека Украина може да успее на бојното поле. Тоа е драматична заблуда на западната заедница која ќе биде причина за жалење повеќе од еднаш, ние сме сигурни во тоа“, изјави во петокот Песков.

Портпаролот на Кремљ рече дека единствениот начин да се спречи понатамошна ескалација е да се послуша стратешката загриженост изразена од Русија кон крајот на 2021 година, неколку недели пред нападот на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ