Кремљ: Ставовите на Русија не се опфатени во безбедносните предлози на САД, но дијалогот може да продолжи

Од:

Кремљ денеска соопшти дека постои можност за продолжување на дијалогот со САД, но потенцира дека главните безбедносни барања на Русија не се земени предвид во одговорот од САД.

– Не може да се каже дека нашите ставови беа земени предвид, или дека беше покажана подготвеност да се земат предвид нашите грижи, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој рече дека документите, доставени вчера од Вашингтон во координација со сојузниците во НАТО, се во рацете на претседателот Владимир Путин. – Сите овие документи се кај претседателот, појасни Песков. – Да не избрзуваме со проценките, потребно е време да се анализира, рече тој.

Песков истакна дека Вашингтон и НАТО побарале документите да останат доверливи, но дека со оглед на тоа колку детали веќе биле откриени од западните претставници „навистина можеби не вреди такво нешто“.

Оквалификувајќи ги тензиите во Европа како потсетување на Студената војна, портпаролот на Кремљ, појасни дека на Москва и треба време да го разгледа одговорот на САД на големите безбедносни барања на Русија.

Тој потенцира дека е во интерес и на Москва и на Вашингтон да го продолжат дијалогот, иако рече дека забелешките на САД и НАТО дека главните барања на Русија се неприфатливи оставаат малку простор за оптимизам.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија