Кремљ се надева дека Бајден нема да ја сврти Саудиска Арабија против Русија

Од:

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја претстојната посета на американскиот претседател Џо Бајден на Саудиска Арабија, истакна оти се надева дека посетата нема да биде искористена за поттикнување на Ријад против Москва.

– Ние исклучително ги цениме нашите односи и интеракција со Ријад и секако се надеваме дека градењето на односите и развојот на односите помеѓу Ријад и другите светски метрополи нема да бидат насочени против нас на кој било начин, наведе Песков.
Според најавите Бајден в петок во Ријад ќе се заложи за поголемо производство на нафта на земјите-членки на ОПЕК со цел да се намали цената на бензинот.

Песков истакна дека Русија, која е втор најголем извозник на нафта по Саудиска Арабија и најголем извозник на природен гас, ја цени соработката со Ријад во рамките на ОПЕК плус.

Додека светот се соочува со една од најлошите кризи во снабдување со енергија од арапското нафтено ембарго во 70-тите години на минатиот век, Бајден повеќе пати апелираше ОПЕК плус, а пред сè Саудиска Арабија, да го зголеми производството на нафта. Но, главните производители од Персиски Залив имаат малку слободни производствени капацитети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кремљ: Путин се капеше во ледена вода за Водици

А1он

Кремљ: Односите со Европа се на најниско можно ниво

Протекоа стратешките документи на Кремљ за Балтикот

Горан Наумовски

Кремљ: Не сакаме да го коментираме обвинението против Трамп

Кремљ го нападна Холивуд за филмот за Навални кој доби Оскар

Кремљ за тенковите „Абрамс“: Тие горат како и сите други

А1он