Кремљ: Русија се уште сака да учествува во антитерористичката коалиција

Од:

Кремљ смета дека е најважно да бидат конечно квалифицирани дејствијата на Турција кон рускиот бомбардер Су-24, соборен од турски авион во вторникот крај сириската граница, изјави денеска Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изјави дека рускиот противавионски ракетен комплекс С-400 веќе се стапил во „боево дежурство“ во Сирија, јави ТАСС.

Москва испрати во военовоздухопловната база Хмејмим во Сирија, системи С-400, откако турските военовоздухопловни сили соборија во вторникот руски бомбардер. Еден пилот загина, другиот беше спасен.

– Русија се уште има желба да учествува во антитерористичката коалиција и жали што други земји немаат таква готовност, изјави Песков.

Тој одново ја потврди руската позиција, според која, „единствената реална сила, способна да се спротивстави на терористичките организации, кои окупираа голем дел од територијата на Сирија, се вооружените сили на Сириската арапска република“.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски