Кремљ: Путин му рекол на Шолц дека пристапот на Западот кон Украина е „деструктивен“

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во телефонски разговор му рекол на германскиот канцелар Олаф Шолц дека пристапот и ставот на Германија и Западот кон Украина е „деструктивен“ и го повикал Берлин да го преиспита својот однос, соопшти Кремљ.

Путин посочил дека „политичката и финансиската поддршка“ од западните сојузници на Украина „води до фактот дека Киев целосно ја отфрла идејата за било какви преговори“.

Како што пренесоа руските медиуми, Путин истакнал дека и на Русија треба да и се дозволи да учествува во истрагите, како што навел, за терористичките напади врз гасоводот Северен тек во Балтичкото Море.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин повика 147.000 Руси на задолжителен воен рок

Горан Наумовски

Банкарите во Швајцарија прогласени за виновни за помагање на „паричникот на Путин“

Шефот на американската дипломатија го спореди Додик со Путин

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Пропагаторот на Путин: Украина треба да се избрише од картата, сите тие се животни

Скандал во Русија: Пригожин и Ахмедов го навредуваат Путин, „тој е ѓавол и џуџе“

Горан Наумовски

Путин: Не создаваме воен сојуз со Кина