Кремљ: Путин го информирал германскиот канцелар Шолц за воени злосторства врз цивили во Донбас од страна на украинските сили

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц укажал на украински напади врз цивилни цели, станбени области во градовите Доњецк и Макеевка, соопшти Кремљ.

Според Москва, украинските оружени сили ракетирале станбени области во двата града, што резултирало со значителен број човечки жртви.

„Тие воени злосторства беа игнорирани од Западот“, стои во соопштението од Кремљ.

Засега нема независни извори што би ги потврдиле таквите наводи. Русија од почетокот на инвазијата врз Украина на 24 минатиот месец постојано е обвинувана за намерно напаѓање цивилни цели во земјата.

Шолц на чија инцијатива бил реализиран телефонскиот разговор, бил во насока да се изврши притисок за прекин на огнот и што поскоро запирање на непријателствата, се вели во дописот од Кремљ.

Притоа од Путин било истакнато дека се прави се што е можно да се избегнат цивилни жртви. Како пример ги посочил хуманитарните коридори што ги дозволува руската страна за евакуација на населението од зоните каде се дејствува.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ