Кремљ ќе тестира ново оружје „Посејдон“: Може да уништи градски подрачја како Њујорк или Лос Анџелес

Од:

Како што напредува војната во Украина, има се повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани страни.

Разузнавачките служби на НАТО ја предупредија командата на блокот дека може да се тестира беспилотната подводна направа „Посејдон“, пишува италијанскиот весник „Република“.

Во извештајот на специјалните служби се наведува дека повеќенаменската нуклеарна подморница „Белгород“ се наоѓа во Кара Море, каде, наводно, би можело да се изврши лансирање на нуклеарен дрон.

„Посејдон може да генерира радиоактивно цунами што може да ги уништи урбаните области како Њујорк или Лос Анџелес“, пишува весникот.

Тој истакна дека американските сателити со инфрацрвени сензори не гледаат што се случува во длабочините на морето: „Посејдон“ е дизајниран да емитува малку топлина и да се движи тивко со брзина поголема од сто километри на час.

Дури и едноставна најава за тестот ќе му овозможи на Кремљ да покаже единствена способност да го надмудри Западот: оружје против кое нема одбрана“, пишува „Република“.

Повеќенаменската нуклеарна подморница „Белгород“ е експериментална подморница за беспилотни подводни возила „Посејдон“.

Припаѓа на проектот 949А „Антеј“, аналог на „Курск“, кој е специјално модифициран за системите „Посејдон“.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат