Кремљ го разгледува „договорот на векот“ на Трамп

Од:

Кремљ и натаму го проучува вчера претставениот план на американскиот претседател Доналд Трамп за мирно надминување на палестинско-израелскиот конфликт, изјави Дмитриј Песков, прес секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Тасс.

– Ние продолжуваме да ги проучуваме овие информации и го прегледуваме планот, што е подготвен од администрацијата на Белата куќа, изјави Песков.

„Утре ќе има средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и тогаш ќе се добијат повеќе информации, како што се вели, од прва рака“.

Прес секретарот забележа дека „досега може само да се каже дека планот доби целосна поддршка од Израел, а е подржан и од неколку други држави, но е пресретнат од категорично отфрлање од другата страна на договорот – Палестинците“.

-Продолжуваме да ја анализираме ситуацијата. Знаете дека Русија продолжува да биде одговорен член на „Петорката“ на Блискиот Исток. Доколку биде неопходно Русија е подготвена да ги вложи сите напори за да се направи можно постигнувањето оддржлив мир на Блискиот Исток, наведе портпаролот на Кремљ.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“