Кремљ го обвинува Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија

Од:

Кремљ денеска го обвини Западот дека води дипломатска, економска и политичка војна против Русија, пишува ДПА.

– Ова се непријателски држави бидејќи она што тие го прават е војна, рече портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на денешната конференција за образование одржана во близина на Москва.

Претходно, претседателот Владимир Путин ги нарече западните санкции економски „Блицкриг“, додека инвазијата на Украина сè уште ја нарекува „специјална воена операција“.

Песков рече дека неговата земја доживува „момент на вистината“, поради што Русија мора да биде способна да ги заштити своите интереси.

– Секоја војна завршува со мир. А тој мир ќе биде оној во кој ќе се слушне нашиот глас, нагласи Песков.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ