Кравчук: Украина е непријател на Русија, а Белорусија е нејзиниот лакеј

Од:

Поранешниот украински претседател, Леонид Кравчук, денеска изјави дека во моментов неговата земја е непријател на Русија, а Белорусија е нејзиниот лакеј.

Кравчук оценката ја даде за време на гостувањето во програмата „Слобода на говор на Савик Шустер“ на телевизијата „Украина“.

-Како што рече писателот Александар Солженицин, Русија нема пријатели, има или непријатели или лакеи. Денеска непријателот и е Украина, а лакејот е Белорусија. И тоа е очигледно, рече Кравчук.

Истовремено, поранешниот украински претседател кажа дека во сите свои преговори со многу западни лидери тие повеќе биле заинтересирани за позицијата на Руската Федерација за ова или за она прашање, прашувајќи се како „Москва ќе гледа на тоа“.

-И дури сега, некаде во последниов месец, и на САД и на Западот им стана јасно дека со Русија е невозможно да се преговара, рече Кравчук.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев