Кралот Филипе изрази „најдлабоко жалење“ за белгиското колонијално минато во ДР Конго

Од:

Белгискиот крал Филипе изрази „најдлабоко жалење“ за предизвиканата штета за време на белгиската колонијална ера на територијата на сегашна Демократска Република Конго.

– Сакам да го изразам моето најдлабоко жалење за раните од минатото, а болката и дискриминацијата и денес се присутни во нашите општества, се наведува во писмото на белгискиот крал Филипе испратено денеска до претседателот на ДР Конго, Феликс Тшисекеди на одбележување на 60-годишнината од независноста на земјата.

Смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика дебата за белгиската колонијална ера.

Според историчарите милиони Африканци од териротијата на денешна ДР Конго биле убиени, осакатени или умреле од болест додека работеле на плантажите во сопственост на белгискиот крал Леополд Втори.

Кралот Филипе, без да го спомене името на кралот Леополд, истакна дека во тој период „биле извршени акти на насилство и суровост, кои го оптоваруваат колективното сеќавање“.

– Колонијалниот период, што следеше (1908-60), исто така, предизвика страдање и понижување, посочи белгискиот крал, додавајќи оти ќе се бори против сите форми на расизам.

Изминатите недели во Белгија неколку споменици на кралот Леополд Втори, кој владееше во периодот од 1865 до 1909 година, беа обоени или урнати од демонстрантите, а покрената е и петиција за нивно трајно отстранување. Некои институции ги отстранија бистите или статуите со цел да се смири бесот на јавноста.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски