Кралицата Елизабета Втора го потпиша законот за Брегзит

Од:

Кралицата Елизабета Втора го потпиша предлог законот за излез на Велика Британија од ЕУ, кој е подготвен од Владата на премиерот Борис Џонсон, со што тој доби статус на закон.

dobivaj vesti na viber

Потпретседателот на Претставничкиот дом, Нејџел Еванс денеска ги информира пратениците за тој акт. Британскиот Парламент вчера го усвои предлог законот за условите по Брегзит.

Велика Британија ќе ја напушти ЕУ во 23 часот на 31 јануари. Потоа започнува преоден период, во кој Брисел и Лондон ќе ги договорат идните трговски односи.

Претходно, британското Министерство за финансии соопшти дека министерот Саџид Џавид планира на 11 март пред Парламентот да го презентира предлог буџетот, кој содржи „амбициозни планови“ за развој на економијата по Брегзит.

Би можело да ве интересира

Лондон иницира еднострана промена на статусот на Северна Ирска по Брегзит

Ана Ололовска

Елизабета Втора: Почестена сум од бројот на луѓе кои излегоа да го прослават платинестиот јубилеј

Ана Ололовска

ВИДЕО: Кралицата Елизабета Втора се појави на балконот на Бакингемската палата на последниот ден од прославата на платинестата годишнина

Ана Ололовска

Де Алмеида: ЕУ нема да ги продолжи преговорите за Брегзит со Велика Британија

Ана Ололовска

Велика Британија одложува гранични проверки по Брегзит до крајот на 2023 година

А1он

Извештај на Комитет на британскиот Парламент: Брегзит донесе поголеми трошоци и бирократија и доцнење во снабдувањето

А1он