Кралицата Елизабета од претпазливост го откажа предбожиќниот ручек

Од:

Кралицата Елизабета Втора го откажа предбожиќниот ручек со своето семејство поради претпазливост бидејќи расте бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија, откри извор од Бакингемската палата.

– Одлуката е мерка на претпазливост бидејќи се верува дека премногу луѓе ќе бидат загрозени доколку се остварат божиќните планови. Иако постои жалење поради откажувањето, сепак, владее убедување дека тоа е вистинската одлука за сите, рекол изворот, пренесува Хина.

Шефот на англискиот институт за јавно здравје Крис Вити ги повика луѓето да избегнуваат собири кои не се неопходни во пресрет на Божиќ, откако вчера Велика Британија регистрираше рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата.

Кралицата (95) го помина најголемиот дел од пандемијата на Ковид-19 во замокот Виндзор западно од Лондон. Нејзиниот сопруг, принцот Филип, почина во април оваа година, откако поминаа повеќе од седум децении во брак.

Би можело да ве интересира

Писмо на кралицата Елизабета од 1966 година продадено на аукција во Германија

Ана Ололовска

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Погребот на кралицата Елизабета го надмина тој на Тито по посетеност

А1он

Елизабета Втора штотуку е погребана, а веќе се прават планови за нов кралски погреб

А1он

(ВИДЕО) Кралот Чарлс повторно ја шокираше јавноста: Прескокна црнец додека се ракуваше со ожалостените

А1он

Трамп го исмејуваше Бајден за тоа каде седел на погребот: Да бев јас, ќе бев во првиот ред

А1он