Кралицата Елизабета: Мојот живот секогаш ќе биде посветен на службата

Од:

Британската кралица Елизабета (95) во пораката по повод Денот на Комонвелтот, нагласи дека нејзиниот живот секогаш ќе биде посветен на службата, откако беше принудена да ја откаже посетата на годишната миса по повод овој ден.

Елизабета, најстарата и најдолготрајната кралица на светот, чие здравје почна да предизвикува загриженост, во петокот објави дека ќе отсуствува од мисата на Денот на Комонвелтот во лондонската Вестминстерска опатија, на која кралското семејство присуствуваше речиси 50 години.

Бакингемската палата соопшти дека кралицата ќе ја претставува нејзиниот син и престолонаследникот Чарлс. Одлуката не е поврзана со некоја болест, туку поради загриженост дека кралицата ќе го издржи патувањето од нејзиниот дом во замокот Виндзор до западен Лондон.

„Во годината на мојот платинест јубилеј, ми беше дадено задоволството да го обновам моето ветување од 1947 година дека мојот живот секогаш ќе биде посветен на службата“, наведе таа во пораката до Комонвелтот, организација од 54 нации, главно поранешни британски колонии.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он