Кралица Елизабета Втора: Лидерите да постигнат вистински државнички дух

Од:

Британската кралица Елизабета Втора ги повика светските лидери на климатскиот самит COP26 да постигнат вистински државнички дух и да создадат побезбедна и постабилна иднина за планетата.

Таа во видеопорака рече дека многу луѓе се надеваат оти времето на зборови сега поминало во време за акција.

Британската кралица порача дека тие треба да се издигнат над политиката на моментот.

Таа истакна дека е многу горда на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип и другите членови на семејството поради поттикнување на заштитата на животната средина.

Кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува на конференцијата на Обединетите нации во Глазгов, но претходно го сними своето обраќање минатата недела во замокот Виндзор, откако и беше советувано да се одмори по лекарски прегледи.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Макрон: Ви благодариме, Ваше Височество

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавена рутата по која ќе се движи ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска

ВИДЕО: Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Револтиран Британец го нападна Чарлс: Mораме да ја платиме вашата парада, a eдвај си ги грееме домовите

А1он

Однесувањето на Меган ги налути фановите, длабоко се поклони пред ковчегот на кралицата: „Лицемерна е“

А1он