Крадци украле дузина скулптури на Дали од Шведска

Од:

Најмалку две лица учествувале денеска во кражба во уметничка галерија во центарот на Стокхолм, Шведска, соопшти полицијата. Шведските медиуми потоа објавија дека се украдени 10 или 12 бронзени скулптури на шпанскиот уметник Салвадор Дали.

Според податоците, најмалку две лица провалиле преку прозорец рано утрово и влегле во галеријата. Истражители потоа извршиле увид, но досега никој не е уапсен.

Сопственикот на галеријата, Педер Енстром изјави дека алармот се исклучил по 4:00 часот и полицијата пристигнала на местото на настанот кратко потоа.

– Секоја од скулптурите на Дали, висока околу 50 сантиметри, вреди меѓу 21.000 и 52.000 долари, рече Енстром.

Изложбата на скулптурите на Дали траеше 10 дена, а требаше да биде затворена утре. Колекцијата пристигнала од Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност

Шведска го испраќа најголемиот пакет помош на Украина