Ковид-19 во Аргентина: Рекорден број починати за едно деноноќие

Од:

Аргентина регистрираше рекордни 75 смртни случаи за еден ден меѓу заразените со коронавирус, со што смртниот биланс од Ковид-19 во таа земја се искачи на 1.582 лица. Во земјата досега позитивни на тестот на Ковид-19 се 80.434 лица.

Главниот град, Буенос Аирес и регионот околу него, каде живеат 14 милиони луѓе и повеќе од 90 проценти од случаите се идентификувани, повторно се ставени под строг карантин до 17 јули во обид да се спречи ширењето на болеста.

Пандемијата нанесе големи штети на аргентинската економија, која е во рецесија од 2018 година.

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

ВИДЕО: Силно невреме погоди крајбрежен град во Аргентина, најмалку 13 загинати

Катерина Ѓуровски