Ковид-19: Рекорден број на новозаразени во Јужна Кореја

Од:

Јужна Кореја денеска постави нов црн дневен рекорд со 4.116 нови случаи на коронавирус, објави Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).

Земјата се префрли на план за „соживот со Ковид-19“ во ноември, насочен кон укинување на строгите мерки за дистанцирање, откако ги постигна целите за вакцинација на населението еден месец порано. Во таа земја целосно се вакцинирани 79,1 отсто од 52 милиони жители, додека со третата доза се вакцинирани само 4,1 отсто од населението.

– Гледајќи ја само областа Сеул, ситуацијата е доволно критична за да се воведе план за итни случаи во секое време, рече премиерот Ким Бу-кјум, повикувајќи ги здравствените работници да ги класифицираат пациентите според сериозноста на симптомите и да ги искористат опциите за домашно лекување за поблаги симптоми. .

КДЦА извести дека е можно воведување план за итни случаи во случај капацитетите на интензивна нега да надмине 75 проценти пополнетост или во зависност од проценката на ризикот, скокот на бројот на нови сличаи меѓу постари пациенти и земањето на третата доза од вакцината.

Вчера беа хоспитализирани 586 тешко болни пациенти, што доведе до забрзано полнење на болничките кревети. И покрај зголемениот број на хоспитализирани, стапката на смртност е релативно ниска и изнесува 0,79 проценти.

Јужна Кореја е меѓу првите земји каде се појави коронавирусот, откако беше евидентиран во Кина кон крајот на 2019 година, а оттогаш има забележано 425.065 случаи на инфекција и 3.363 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски

Северна Кореја рано утринава истрела неколку крстаречки ракети кон Жолтото Море

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

ВИДЕО: 37.000 извидници евакуирани од камп во Јужна Кореја пред налетот на тајфунот Канун

Катерина Ѓуровски