Ковид-19: Кина без смртен случај во последните 24 часа

Од:

Во последните 24 часа во Кина не е евидентиран смртен случај од Ковид-19, што е првпат од почетокот на објавување на статистичките податоци.

Новите случаи на зараза во Кина се намалија во однос на претходниот месец. Сепак, земјата се соочува со втор бран случаи на инфекција донесена од странство, што според здравствените власти достигна околу 1000 случаи.

Во последните 24 часа, пријавени се само 32 случаи на инфекција, сите кај лица кои се враќаат од странство. Уште 12 сомнителни случаи се под надзор, како и 30 асимптоматски случаи.

Во Кина, во моментов има 1242 активни случаи на коронавирус, како и 1033 асимптоматски пациенти, кои се ставени во изолација и надзор. Од вкупно 81.740 случаи во Кина, 3031 лица починаа.

Би можело да ве интересира

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

А1он

Белгија од понеделник ги отвора границите и угостителските објекти

Ана Ололовска

Повеќе од 600 медицински сестри починаа од Ковид-19 во светот

Ана Ололовска

ЕК го класифицира Ковид-19 како “средна закана“, силни критики во Европарламентот

Ана Ололовска

Кина демантира дека не го информирала навремено СЗО за Ковид-19

Ана Ололовска

Кина од септември тргнува во потрага по вонземјани

Ана Ололовска