Ковид-19: Израелската војска и полиција спроведуваат рестриктивни мерки

Од:

Израел ќе распореди војници за да помогнат на полицијата во уличните патроли и да го контролира спроведувањето на итни мерки воведени поради коронавирусот, соопштија денеска воени извори.

Околу 500 војници од недела ќе и се придружат на полицијата, со задача да патролираат, изолираат и обезбедуваат специфични локации, да блокираат патишта, соопшти израелската армија, пренесува Танјуг.

Во Израел се пријавени 3.000 случаи на Ковид-19 и 10 смртни случаи, а властите одлучија да ги заострат мерките и побараа од граѓаните да не ги напуштаат своите домови под закана од казна.

Покрај тоа, Владата нареди затворање на училишта и бројни бизниси, што остави без работа околу половина милион Израелци.

Епидемијата има негативно влијание врз израелската економија, при што Владата објави економски пад од 2,5 проценти и тоа само доколку до крајот на април се укинат привремените мерки.

Би можело да ве интересира

САД и Германија ги предупредија Израелците да не ја напаѓаат Рафа

Британците првпат со падобрани испорачаа помош во Газа, испратија порака и до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел не дозволува конвои со храна да минуваат до северниот дел на Газа

Катерина Ѓуровски

САД предлага итен прекин на огнот во Газа

Блинкен во обид да договори примирје меѓу Хамас и Израел

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск