Косачев: Прекршување на човековите права е одбивањето на Норвешка да дозволи руски товар до Свалбард

Од:

Со одбивање да дозволат руски товар до Свалбард, норвешките власти ги прекршуваат човековите права и принципите на хуманизмот, смета заменик – претседателот на Советот на Федерацијата, Константин Косачев.

На каналот Телеграм тој соопшти дека станува збор за намирници за руските рудари, кои работат таму. Одлуката на властите на Норвешка, според него, ќе ги остави руските рудари без прехранбени производи, што е од неморален карактер и ги нарушува принципите на хуманизмот и човековите права.

Тој потсети дека меѓународноиот правен статус на архипелагот Свалбард е определен со Парискиот договор од 1920 година, потпишан меѓу САД, Норвешка, Данска, Италија, Франција, Јапонија, Холандија, Шведска, Велика Британија и моментално е валиден меѓународен договор за 46 држави. Договорот ѝ дава на Норвешка суверенитет, право да управува со Свалбард, но, сите земји потписнички, таму може да вршат непречени активности. Советскиот Сојуз го потпиша договорот во 1925, а Русија одлучи да го продолжи во 1992 година.

За Косачев, однесувањето на Норвешка ги нарушува меѓународните обврски од договорот и суверенитетот на земјата над Свалбард веќе е доведен во прашање.

Вчера Норвешка го затвори единствениот патен граничен премин на руско – норвешката граница Сторскуг за камиони од Русија, потсетува БГНЕС.

– Во Норвешка го воведуваме петиот пакет санкции на Европската Унија. Тоа значи, веднаш го затвораме граничниот премин Сторскуг за камиони, информираше норвешкиот министер за надворешни работи Аникен Хатфелд.

Тој појасни дека пакетот санкции се воведува целосно. Исклучок има за архипелагот Свалбард.

Како резултат на одлуката, Норвешка одби да дозволи товар за руската населба во Свалбард, одбивајќи го руското барање да направи исклучок од санкциите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски