Корупциска афера Мајкрософт ја тресе Романија

Од:

Корупциската афера поврзана со купување лиценци од Мајкрософт е во центарот на романскиот печат каде романскиот весник Романија либера ја оквалификува како најголемо корупциско дело со штети од над една милијарда евра.

– Тоа дело со поткуп од околу 60 милиони евра немаше да се појави ако ФБИ не ги извести романските власти пред околу 1,5 години, посочува весникот повикувајќи се на изјава на Теодор Мелешкану, поранешен началник на Службата за разузнавање.

Националната дирекција за борба со корупција (НДБК) почнала со истрага во 2013 година. Обвинителите требало да проверат „движење на пари“ на околу 40 фирми, да земат изјави од над 80 луѓе во Романија и во други држави, да асе формираат меѓународни комисии за истрага, да се добијат документи од банки и оф-шор компании за делото Мајкрософт-ЕАДС-Информатизирање на државните институции.

Поткупот од 60 милиони долари бил даден во странство и преговорите за него се водени исто така во странство.

Седуммина поранешни министри се осомничени за перење пари, земање ммито, тровија со влијание, злоупотреба на службена должност. Тие сепак, тврдат дека тоа е политички мотивирана кампања што почнува пред претседателските избори и покрај тоа што криминалните постапки датираат уште од 2001 година.

Само во делот на информатизирање на образованието (поткуп од 20 милиони долари за една рамковна програма за информатизирање вредна 200 милиони долари) НДБК се соочува со тешкотии да почне истрага, и што ќе се случи кога ќе се побара укинување имунитет во врска со програмите за информатизирање на државните институции со договори со ЕАДС вредни околу милијарда долари, прашува весникот.

Медиумот дополнува дека можное во целата афера да се вмешани „силни генерали“ од МВР како и дека не е исклучено соучество и од тајните служби во периодот 2004-2005 година.

Скандалот Мајкрософт-Романија, ќе заврши или со целосно чистење на длабокиот корумпиран политички систем или со пораз на правната држава, коментира Романија либера.

Адеверул додава дека аферата Мајкрософт влегува во парламентот со дигната рачна сопирачка. Имено, Министерството за правда побарало од парламентот да се почне со процедура против членови на законодавниот дом – Екатерина Андронеску (поранешен министер за образование), Шербан Михалеску (поранешен мминистер за координација во Главниот секретаријат на Владата) и Валериј Време (поранешен министер за комуникации). Барањето сепак, е поднесено во последниот ден од работата на парламентот. Од утре почнува предизборна кампања за претседателски избори, а парламентарците сами се распуштија шест недели порано објавувајќи дека учествуиваат во кампања во државата, коментира весникот.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ