Коронавирусот влезе во австриската влада

Од:

Австриските власти соопштија дека денеска еден од вработените во Владата е позитивен на Ковид-19, но дека тој не работел непосредно со канцеларот Себастијан Курц.

Од Владата соопштија дека сите кои работеле со лицето позитивно на коронавирусот се негативни и дека нивната работа не е загрозена.

Курц редовно се тестира за Ковид-19, пренесуваат странските агенции.

Одговорот на Австрија на пандемијата се смета за релативно успешен, а неодамна, по растот на бројот на заболени беа заострени правилата за носење маска.

Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, во Австрија од почетокот на пандемијата починале 718 лица.

Би можело да ве интересира

Бајден: Следниот месец веќе ќе имаме половина милион мртви, вакцинирањето досега е „мрачен неуспех“

Жарко Настоски

Земјите од ЕУ меѓусебно ќе си ги признаваат тестовите за Ковид-19

Жарко Настоски

Курц се налути – австриски политичари се вакцинирале преку ред

Жарко Настоски

Австрија: Задолжителна маска FFP2 и растојание од два метра

Жарко Настоски

Вториот бран на пандемијата е посмртоносен во Африка

Жарко Настоски

Коронавирусот одзеде повеќе животи во САД отколку Втората светска војна

Ана Ололовска