Коронавирусот се шири многу полесно од очекуваното

Од:

Според Дејвид Хејман од Светска здравствена организација (СЗО),коронавирусот што првпат беше регистриран во кинескиот град Вухан, од кој починаа веќе 25 луѓе, многу полесно се пренесува од човек на човек отколку што претходно се предвидуваше. Досега од коронавирусот заразени се повеќе од 700 луѓе.

Сега веќе гледаме ширење на втората и третата генерација, посочи Хејман. Пренесувањето на трета генерација значи дека некој што бил инфициран додека работел со животните на пазарот во Вухан, вирусот го пренел на друго лице, кое пак заразил трет човек.

Првенсвено се мислеше дела коронавирусот се шири само преку многу близок контакт, како прегратка, бакнување или користење на заеднички прибор за јадење. Во Женева беше одржана прес конференција за коронавирусот од страна на СЗО.

Се собираат докази дека вирусот може да се шири и на далечина, на пример ако заразено лице кивне или кашла пред друг човек. Засега немаме докази дека вирусот се шири преку воздух како грипот, посочи Хејман.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО