Коронавирусот пристигна во Европа – потврдени два случаи во Франција

Од:

Потврдени се првите два случаи на коронавирусот во Европа. Станува збор за двајца пациенти во Франција, јавуваат странските агенции.

Француската министерка за здравство Ањеш Бузин соопшти дека се забележани два случаи, едниот во Бордо, а другиот во близината на Париз.

„Веројатно ќе има уште случаи во Европа“, рекла Бузин.

Таа смета дека причината што Франција е првата европска држава каде што е потврдена појавата на коронавирусот е тоа што експертите развиле начин кој овозможува брза дијагноза на болеста.

„Еден од заболените, 48-годишен маж, поминал низ Вухан, епицентарот на кинеската епидемија, пред да се врати во Франција. Сега се наоѓа во болница во Бордо“, изјавила министерката.

За другиот заболен пациент нема доволно информации, но се знае дека исто така патувал во Кина.

Досега во Кина бројката на заразени од коронавирусот стигна до 800 луѓе, од кои 26 починаа. Во САД се откриени два случаи на заволени од опасниот вирус.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден