Коронавирусот може да предизвика човечкото тело да создаде „лоши“ антитела кои ги напаѓаат сите ткива

Од:

Повеќе од една година по појавата на Ковид-19, сè уште има мистерии кога станува збор за оваа болест. Одговорите на прашањата се непознати: Зошто некои луѓе сериозно се разболуваат? Зошто оштетувањето на белите дробови понекогаш се влошува иако изгледа дека телото се исчистило од вирусот САРС-КоВ-2? Што се крие зад продолжената болест, која трае со месеци, кај луѓето кои се долго заразени со Ковид-19. Научниците тврдат дека сè поголем број на студии покажуваат дека некои од овие прашања можат да се објаснат со фактот дека имунитетот се свртува против телото или со феноменот познат како автоимунитет.

„Лошите“ антитела предизвикуваат долгорочно оштетување

На почетокот на пандемијата, истражувачите откриле дека некои луѓе имале премногу активен имунолошки одговор на инфекција Ковид-19. Сигналните протеини на имунолошкиот систем, наречени цитокини, можат да се зголемат на опасно ниво, што доведува до „бура со цитокини“ и оштетување на сопствените клетки на организмот. Клиничките испитувања сега покажаа дека некои лекови, кои во голема мера ја потиснуваат имунолошката активност, се чини дека ја намалуваат стапката на смртност кај критично болни пациенти доколку се применат во вистинско време. Но, научниците кои го проучувале Ковид-19 сè повеќе ја нагласуваат улогата на автоантитела – „лоши“ антитела кои ја напаѓаат имунолошката одбрана на организмот или специфичните протеини во органите како срцето. За разлика од „цитокинските бури“, кои имаат тенденција да предизвикаат системски краткорочни проблеми, имунолозите веруваат дека автоантителата резултираат во насочена, долгорочна штета.

Автоантителата прават хаос во телото за време на инфекцијата

Истражувачите исто така имаат докази дека автоантителата играат значајна улога во многу заразни болести. Постојат неколку теории кои објаснуваат како може да се појави автоимунитет од Ковид-19 до други инфекции. Некои луѓе можат да бидат склони кон создавање на автоантитела кои се способни да направат хаос по телото за време на инфекцијата. Од друга страна, инфекциите дури можат да предизвикаат производство на автоантитела. Доколку истражувачите воспостават врска, тие исто така би можеле да најдат начини да ги третираат и последиците од Ковид-19 и другите болести предизвикани од вируси.

Пронајдени автоантителата кои го ослабуваат имунитетот

Кон крајот на септември 2020 година, група предводена од д-р Жан Лоран Казанова од The Rockefeller University во Њујорк соопшти дека повеќе од 10 проценти од 987 луѓе со тежок облик на Ковид-19 имаат антитела кои напаѓаат и го блокираат дејството на молекулите на интерферон тип 1, кои обично помагаат во зајакнување на имунолошкиот одговор против надворешни патогени. Истражувачите велат дека тоа била неверојатна пропорција, бидејќи видовите антитела кај луѓето обично се многу различни и никој во контролната група за истражувањето ги немал овие антитела. Тие, исто така, забележале антитела кај луѓето пред инфекцијата со Ковид 19, па д-р Казанова верува дека некои луѓе може да бидат генетски предиспонирани да ги произведуваат. Интересно е што автоантителата биле почести кај мажите отколку кај жените, што е можен фактор поради што Ковид-19 потешко ги погодува мажите.

САРС-CoV-2 предизвикува телото да произведува автоантитела кои ги напаѓаат сопствените ткива

Друг истражувачки тим испитал 194 пациенти и здравствени работници кои имале различна тежина на Ковид-19. Нивната студија открила поголема моќ на автоантитела против имунолошкиот систем кај заразени лица отколку кај неинфицирани лица. Откриле автоантитела кои напаѓале Б клетки, како и некои што напаѓале интерферон. Оваа студија исто така покажува дека САРС-CoV-2 може да предизвика телото да произведува автоантитела кои ги напаѓаат сопствените ткива. Некои заразени лица имале автоантитела против протеините во крвните садови, срцето и мозокот. Ова било особено интригирачко бидејќи многу од симптомите забележани во пандемијата беа поврзани со овие органи. Сепак, нејасно е дали инфекцијата со Ковид-19 предизвикало телото да започне да ги прави овие автоантитела или дали заразените веќе ги имале.

Откриени автоантитела кои дополнително го комплицираат Ковид-19

Имунолозите од Free University of Brussels исто така откриле и автоантитела против молекулите наречени фосфолипиди. Најголемото вакво истражување, објавено во ноември 2020 година, открива дека 52 проценти од 172 лица хоспитализирани со Ковид-19 ги ​​имаат овие автоантитела. Ова е факт што е навистина загрижувачки, нe кријат научниците, бидејќи е познато дека некои фосфолипиди имаат улога во контролирање на коагулацијата на крвта, што во случај на Ковид-19 создава сериозни проблеми.

Теорија на одложен почеток на тешки симптоми на Ковид-19

Теоријата на автоантитела може да објасни некои одложени појави на сериозни симптоми кај инфекција со Ковид-19. Ако тие се предизвикани од оштетување на клетките и воспаление предизвикано од вирусна инфекција, како што сметаат научниците, за да се акумулираат автоантителата треба да поминат неколку недели во телото. Ова, велат тие, може да биде причина што голем дел од оштетувањето на ткивото, како што се белите дробови, се случува толку долго откако лицето ќе развие симптоми како што е повишена температура. На овој начин, автоимунитетот може да биде вистински виновник за смртоносното уништување што продолжува откако телото ќе се исчисти од вирусот корона.

Би можело да ве интересира

Во Израел 90 отсто од населението постаро од 50 години вакцинирано со една доза или излекувано

Ана Ололовска

Кацин: Во Словенија до крајот на јуни ќе биде вакцинирано половина население

Ана Ололовска

Србија четврта во Европа по новозаразени на 100.000 граѓани, медицинскиот дел бара построги мерки или ќе дадат оставки

Ана Ололовска

Можно е продолжување на вонредната состојба во Токио

Ана Ололовска

Во Украина рекорден број хоспитализирани за еден ден

Ана Ололовска

Од 6 март нови рестриктивни мерки во Италија

Ана Ололовска