Коронавирус: 73 случаи во Франција, откажани сите собири на повеќе од 5.000 лица во затворени простори

Од:

Во Франција до 13 часот се регистрирани 73 случаи на заболени од новиот коронавирус, од кои 59 се на болничко лекување, 12 се излекувани и двајца починаа.

Бројката ја даде министерот за здравство Оливие Веран, по завршувањето на вонредниот состанок на Владата со претседателот Емануел Макрон. Францускиот претседател го одржа и Советот за Одбрана на кој се расправаше за ситуацијата со епидемијата на Ковид-19.

Од вчера до денеска до 13 часот се регистрирани 16 нови случаи. Меѓу заболените има и три лица кои се од медицинскиот персонал на болницата Тенон во Париз, каде се лекува еден тежок случај на лице заболено од коронавирусот.

-Нашата земја го премина вториот стадиум на утврдената превенција од страна на властите, Целта е да се ограничи ширењето на вирусот и да се спречи, колку што е можно повеќе преминувањето во третиот стадиум, за време на кој вирусот може да се прошири и да се движи пошироко во населението, потсети министерот.

Сите спортски, културни и други манифестации на кои има повеќе од 5000 учесници во затворен простор се забранети. Полумаратонот во Париз и последниот ден од саемот за земјоделство во Париз нема да се одржат, како и денешниот карневал во Анеси.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден